САД се против кинескиот мировен план за Украина: „Со тоа би ги признале придобивките на Русија“

Џон Кирби фото МИА

САД се против предлогот на Кина за итен прекин на огнот меѓу Русија и Украина затоа што со тоа ќе се цементира позицијата на воените придобивки на Русија, соопштија од Белата куќа.

„Прекин на огнот сега повторно е ефективна ратификација на руските освојувања“, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност во Белата куќа, одоговарајќи на прашања на новинар за најавената посета на Москва идната недела на кинескиот лидер Си Џинпин.

„Со тоа ефективно би биле признати придобивките на Русија и нејзините обиди да ја освои територијата на својот сосед со употреба на сила, овозможувајќи руските трупи да продолжат со окупација на суверената територија на Украина“, рече Кирби.

Повикот за прекин на огнот е дел од мировниот предлог на Џинпин кој идната недела ќе оди во Русија на средба со врвот на земјата. САД се надеваат на конструктивна улога на Кина во помошта да се заврши војната во Украина.

Кирби, сепак, изрази сомнеж дека средбата на кинескиот лидер во Русија претставува искрен напор за постигнување мир.

Тој потенцираше дека ако Џинпин има средби за некакво сериозно постигнување мир, на нив треба да учествува и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

„Ние, секако, не поддржуваме повици за прекин на огнот од страна НРК и средба во Москва која едноставно би била во полза на Русија“, изјави Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот