фото: mtftennis.com

Кипар е ривалот на македонските тенисери во Дејвис купот

По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година.

Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин. Термин за одигрување на мечевите е 6/7 февруари или 7/8 февруари 2026 година.

Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13 носител од исто толку тимови. Ова воедно ќе биде единствениот дуел на европски селекции.

Досега Македонија и Кипар имаат одиграно три мечеви и скорот е 2:1 во победи за Кипар. Сите мечеви досега беа одиграни како дел од Третата Евро-африканска зона.

ВТОРА СВЕТСКА ГРУПА

КИПАР – МАКЕДОНИЈА

НИГЕРИЈА – УЗБЕКИСТАН

РЕПУБЛИКА ИРСКА – СИРИЈА

ЈАМАЈКА – УРУГВАЈ

ПАКИСТАН – СЕНЕГАЛ

БАРБАДОС – БОЛИВИЈА

ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА – ЛЕТОНИЈА

ГРУЗИЈА – БЕРМУНДА

ЈУЖНА АФРИКА – ЦРНА ГОРА

БЕНИН – ЕЛ САЛВАДОР

НАМИБИЈА – ЕСТОНИЈА

ИНДОНЕЗИЈА – ТОГО

ТАЈЛАНД – ПОРТОРИКО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот