Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе задржат воздржаност

Си Џипинг и Дмитриј Медведев/ Фото: Yekaterina SHTUKINA / AFP / Profimedia

Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе ја задржат воздржаноста и ќе ги решат безбедносните проблеми со политички средства, му рекол кинескиот претседател Си Џинпинг на заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев за време на состанокот во Пекинг, јави денеска кинеската агенција Синхуа.

Според агенцијата, Си му рекол на Медведев и дека се надева оти кинеската комунистичка партија и Единствена Русија можат да ја подобрат комуникацијата и да овозможат „продлабочување на стратешката соработка меѓу Кина и Русија”.

Медведев, кој ненајавено го посети Пекинг, објави видео на својот канал на Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си, а потоа и снимка од средба меѓу кинески и руски официјални претставници.

Медведев рече дека со Си разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете земји „без ограничувања”, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали.

– Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија … Билатералната соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина, рече Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот