фото: EPA-EFE/PETE ANDREOU

Кендрик Нан од Панатинаикос прогласен за МВП во Евролигата

Кошаркарот на грчкиот клуб Панатинаикос, Кендрик Нан е прогласен за најкорисен играч на Евролигата.

Нан ќе го добие трофејот за најкорисен играч (МВП), објави кошаркарскиот портал „Јурохопс“, кој наведе дека Евролигата ја објави одлуката во понеделник.

Американецот беше најдобар стрелец во лигашкиот дел од сезоната, а во 33 одиграни натпревари, тој забележа 21,1 поен, 4,3 асистенции, 3,6 скокови и една украдена топка, со индекс на корисност од 20,3 поени.

Панатинаикос го задржа третото место со резултат од 22 победи и 12 порази. Нан го наследи Мајк Џејмс, кој беше МВП минатата сезона.

На бекот ќе му припадне трофејот иако е петти во лигата по индекс на корисност зад Саша Везенков (24,5), македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс (22) и Тео Маледон (20,6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот