
Келог го спореди Путин со Хитлер: Ако победи во Украина, ќе се охрабри да нападне НАТО-земја
Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Кит Келог, истакна дека руските нуклеарни закани мора да добијат силен одговор, потсетувајќи дека Трамп на слични изјави од претседателот Ким Јонг Ун возвратил со зборовите дека и тој има „црвено копче“, но поголемо и поефикасно.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, верува дека руската победа во Украина би го охрабрила лидерот на Кремљ, Владимир Путин, да нападне членка на НАТО.
Препорачано
Келог во интервјуто за Телеграф одговори без двоумење кога беше запрашан за коментарите на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој минатата недела изјави дека руска окупација на Украина би била проследена со напад врз сојузник од НАТО.
Остатоци од руски дрон пронајдени уште во една земја членка на НАТО
– Апсолутно. Мора да гледате на Путин и на Русија како на експанзионистичка сила. Тој сака повторно да ја воспостави Руската Империја, само погледнете ја историјата. Ќе му дадете еден инч, тој ќе земе милја. Во Минхен во 1938 година, Хитлер рече дека сака само Судети. Потоа Рајнската област, потоа Полска, и ете нè во Втората светска војна. Историјата не се повторува, но навистина се римува. Тоа е токму она што се случува денес со Украина. Мора да го сопреме (Путин) сега – изјави Келог.
Во интервјуто, Келог забележа и дека лидерот на Кремљ „никогаш не престанал да биде“ агент на КГБ.
– Тој не го разбира Западот. Се преправа дека не зборува англиски, но зборува, и неколкупати сме го фатиле во тоа. Тој е манипулатор. Единственото нешто што може да му се спротивстави е сила, моќ и решителност – рече Келог.
Тој додаде дека руските фалби за тоа дека се моќна нуклеарна сила мора да добијат одговор, а не да бидат игнорирани, и потсети како Трамп разговарал со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
– Кога Севернокорејците му рекоа дека се нуклеарна сила, одговорот на Трамп беше: „И јас сум. Имам и јас црвено копче. Моето е поголемо од вашето и работи подобро“. Путин е реалист и ако ја кренете влоговите, тој ќе попушти – посочи специјалниот пратеник на Трамп.
Тој повторно нагласи дека големото нарушување на полскиот воздушен простор со руски дронови на 10 септември не било случајно и дека Русија ја тестира реакцијата на Западот.
Руски борбени авиони летале ниско над полска нафтена платформа – НАТО на готовс?!