
Жените низ времето: Анет Келерман – првата жена која облекла во јавност едноделен костим за капење
23. 7. 1907 – Австралиската пливачка, подоцна и глумица и писателка, Анет Келерман, ќе остане запаметена како прва жена која облекла во јавност едноделен костим за капење. Костимот сама го дизајнирала. Секако, тоа ја шокирало јавноста и завршила во затвор. До таа 1907 година вообичаено било жените да одат на плажа со долги фустани или со панталони во комбинација со кратки фустанчиња, а и пливачките се натпреварувале во фустани. Примерот на Келерман бил со воодушевување прифатен од голем број жени, па таа почнала да произведува едноделни костими за капење, кои веднаш станале многу популарни.
Препорачано
View this post on Instagram
25. 7.1920 – Родена е Розалинд Франклин, англиска биофизичарка и радиограф, се занимавала со проучување на структурата на ДНК и е прва што забележала молекули преку Х-зраци. Истражувала и вируси и детска парализа.
View this post on Instagram
25. 7.1948 – Во Скопје е родена Златка Поповска, економистка, професорка, а во периодот од 1997 до 1998 година била потпретседателка на Владата на Македонија.
25. 7. 1978 – Родена е Луjзa Браун, прво дете од епрувета. Британката, чие раѓање им даде надеж на илјадници парови дека може да се надмине стерилноста, сега е мајка на два сина и горда е што нејзиното раѓање сврти нова страница во медицината. Зачната е вонтелесно, со „ин витро“ оплодување.
View this post on Instagram
Нејзината мајка се породила во Централната болница „Олдам“ во Англија, со царски рез, а Лујза тежела 2.608 грама. За три децении, колку што се применува методот „ин витро“ оплодување во скоро сите клиники во светот, родени се повеќе од 6 милиони деца. Сепак, првата, Лујза Браун, никогаш не се заборава.
View this post on Instagram
25. 7. 1938 – Во Прилеп е родена виолончелистката Душка Тасевска. Како истакнат уметник остварила бројни концерти во земјата и странство.
26. 7. 1952 – Починала Евита Перон, славната Прва дама на Аргентина. За животот на Ева прочитајте во рубриката Чудесни жени.
View this post on Instagram
27. 7. 1946 – Почина Мирка Гинова, истакнат деец и борец во Втората светска војна. Гинова е првата жена стрелана во Грција од политички причини. Имала само 30 години.
27. 7. 1927 Во село Лавци, Битолско, родена е Фана Кочовска – Цветковиќ, најмлада народна хероина на Југославија. По Ослободувањето вршела високи општествени и државни функции.