кејт мидлтон вилијам
ФОТО: Instagram

Кејт Мидлтон по интервјуто на Хари и Меган: Војвотката внимава за децата да не ја забележат дека е вознемирена

Војвотката од Кембриџ важи за достоинствена дама и посветена мајка и сопруга.

Познато е дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, војвотката и војводата од Кембриџ, се родители на три деца, Џорџ (7), Шарлот (5) и Луис (2). Со оглед на тоа дека е позната како жена која ги става децата пред сè, војвотката Кејт не би дозволила нејзините деца да ја гледаат вознемирена поради интервјуто на Хари и Меган, пишува Ју-Ес Викли.


„Кејт тешко го поднесе интервјуто, но се собра заради своето семејство и пред сè, за децата. Таа е исклучително заштитнични настроена кон семејството, а децата се уште се мали“, изјави извор близок на Кејт.

Тој додал и дека Кејт е една од најдостоинствените жени, но и доволно силна да се издигне од сето ова.


„Таа е пример за нејзините деца поради нејзиниот став и најважно е што тие можат да се угледаат на неа. Џорџ и Шарлот повторно почнаа да одат на училиште, но и покрај тоа таа секоја вечер ја поминува со нив. Децата ги прават нејзините денови подобри и секогаш вели дека нејзиното семејство и помага полесно да ги помине тешките денови. Се чувствува благословено што покрај себе ги има децата и нејзиниот сопруг принцот Вилијам“, заклучил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот