Ќе биде лошо ако влеземе пак во очај на чекање, вели Димитров

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека без разлика дали ќе почнеме пристапни преговори со Европската Унија, треба да се фокусираме на реформската агенда дома.

– Процесот на пристапување сам по себе не носи чуда. Ако не се искористи вистински, како алатка, со реформска работа дома. Мислам дека ако вака продолжи ЕУ, ние не знаме како ќе се одвиваат работите, можеби ќе успееме, можеби не, меѓутоа убаво би било да се фокусираме на реформската агенда дома, без разлика дали почнуваме процес или не. Треба да се фокусираме таму каде е најпотребно и најважно и да поканиме заинтересирани земји членки да ни помагаат во тој напор, земји кои предничат во одредена област, нагласи Димитров во „Топ тема” на Телма.

Според него, ќе биде лошо ако влеземе пак во очај или полуочај на чекање.

– Ние мора да си ја држиме реформската кондиција. За тогаш кога Европа ќе овозможи европско решение што нема да оди на штета на евроспките принципи или на нашето право за самоопределување, да бидеме во добра кондиција, посочи Димитров.

Процесот на пристапување, според него е обука и процес кој треба да трансформира и да не направи поевропски.

– Извештајот вели имаме големи скокови од 2017 наваму. Има и добар напредок во некои области. Ќе треба да најдеме сила и не е тука само политиката, иако таа мора да биде најодговорна, како нација да најдеме сила да се фокусираме онаму каде ни треба очигледно напредок, вели Димитров, посочувајќи дека процесот на реформи не зависи само од Владата, туку и од образованието, администрацијата во смисла на капацитет, посветеност, судството, од медиумите.

Годинава, додава, предничиме во однос на политичките критериуми – деморкратија, функционални демократски институции, владеење на правото, медиуми.

Во однос на тоа дали во министерствата има тимови за секој област за преговори со ЕУ, Димитров посочи дека има голем проблем со кадарот, и поради долгото чекање и поради тоа што платата за добар експерт и платата како консултант има голем диспаритет во корист на приватниот сектор. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот