
Казни до 20.000 евра за нефер трговски практики
Комисија за заштита на конкуренцијата може да казнува и до 20 илјади евра ако пронајде договори за нефер трговски практики , изјави Марјан Ристески заменик-министерот за економија и труд и потсети дека Законот за нефер трговски практики почнува да се применува од почетокот на годинава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Законот за нефер трговски практики е во функција според директивата на ЕУ од 28 септември, но казните почнаа да се применуваат од почетокот на годинава. До крајот на минатата година процесот се следеше со мониторинг, а сега се во сила паричните казни – речеРистески.
Според него, Комисијата ќе ги проверува сите договори склучени меѓу производителите, добавувачите и трговците и онаму каде што ќе има неправилности, казните се до 20 илјади евра.
Со Законот се опфатени 2.546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики.
Ристески вели дека контролата ќе биде строга, но и дека Комисијата ќе може да влезе во фирмите и да ги проверува договорите по дојава. Ефектот, според него, е стабилизација на цените, на подолг рок.
-Рабатот е ограничен на 10 отсто во текот на годината. Тоа ќе создаде еден ред во работата со трговските практики каде рабатите биле големи и до 35-40 отсто – вели заменик-министерот.
Тој додаде дека Законот е од голема важност зашто по првпат се спроведува во државата и е под директива на Европската Унија и треба да биде пример за другите држави на Западен Балкан.