Катругалос: Се чини дека Атина сака да ги стави Северна Македонија и Албанија во пакет

Јоргос Катругалос /фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Се чини дека Владата на Грција сака да ги стави во пакет случаите на Северна Македонија и Албанија, во однос на европската перспектива, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос во интервју за радиото на АНА-МПА „Практорио фм”.

– Се чини дека Владата сака да ги стави во пакет случаите на Северна Македонија и Албанија во однос на нејзината интегративна политика. Но, во Албанија имаме други теми, имаме потреба од заштита на нашето малцинство, како може сите овие работи да се стават во пакет? Сакаме поголема сериозност, а не хипокризија и „двојазичност” во нашата надворешна политика – вели Катругалос и додава дека не можно грчката новинска агенција во текстот на англиски јазик „да ја наведува соседната земја како Северна Македонија, а на грчки да остане неименувана”.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, надлежниот за надворешна политика во СИРИЗА, во интервјуто за радиото, коментирајќи ги средбите на грчкиот премиер во Њујорк, вели дека тие се загрижени бидејќи во одредени случаи имало недостиг на подготовка.

За средбата Мицотакис – Ердоган, Катругалос вели дека е позитивен фактот што била договорена средба, но дека не се сигурни оти грчкиот премиер го споменал проблемот со провокациите на Турција во Егејското Море и на Кипар.

Катругалос ја споменува и средбата на Мицотакис со косовскиот претседател Хашим Тачи, коментирајќи дека „прв пат грчки премиер се сретнал со висок претставник на Косово”.

– Грција не го признава Косово. Се наоѓаме пред промена на ставот во однос на ова? Ако навистина се случува такво нешто, не требаше ова да се објасни и да се реши пред да се случи средбата? Ако средбата беше без да е променета нашата надворешна политика, не покажува недостиг на подготовка и сериозност? – прашува поранешниот шеф на грчката дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот