Instagram

Катја е новата Мис Италија – Поради еден детаљ таа се издвои од другите девојки и влезе во историјата

Италија има нова кралица на убавината, првата во историјата со забна протеза! Насмевката на 18-годишната Катја Бучичио од малото гратче Анци во Базиликате го воодушеви жирито во Порто Сан Џорџо, а нејзината победа на изборот за Мис Италија 2025 влезе во историјата. Катја е првата девојка од Базиликате што ја освои титулата, а воедно и првата што гордо носи протези пред цела Италија, пишува italianismo.com.

Instagram

Катја му ја посвети победата на татко ѝ Антонио.

– Тој е мој „менаџер“, ме следеше низ сите селекции. Ќе продолжам со студиите и ќе работам на тоа да го зачувам угледот на мојот регион. Почестена сум со оваа титула – изјави Катја по прогласувањето.

Катја потекнува од семејство во кое многу се ценат заедништвото и традицијата. Нејзините родители Розана и Антонио и нејзината постара сестра Лукреција се нејзина најголема поддршка. Новата италијанска мисица првпат се истакна во јавноста за време на пандемијата на коронавирусот, кога направи околу 200 заштитни маски за своето село заедно со нејзината баба и тетките. Поради оваа причина, нејзините сожители ја прогласија за „Личност на годината“.

Instagram

Зад рефлекторите, Катја ги сака ракотворбите и везот, спомени што ги понела од детството. Завршила природно-научно училиште и се преселила во Рим, каде што студира стоматологија и забна протетика. Таа вели дека образованието е она од што нема да се откаже, без оглед на фактот дека сега ѝ се отвораат вратите на модата и шоу-бизнисот.

Instagram

Посебноста на нејзината победа е во тоа што таа не ги криеше своите протези. Со ова, таа им испрати порака на младите дека убавината не значи совршенство, туку самоприфаќање. Со својата природност, таа веќе се истакна на социјалните мрежи, каде што ја следат речиси 18 илјади луѓе. Често објавува фотографии без шминка и нагласува едноставност и природен изглед.

Освен од семејството, таа има голема поддршка и од фудбалерот Мајкл Телеско, со кого е во врска четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот