Касами сака да ја разреши директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, ја злоупотребила функцијата!

Општина Тетово соопшти дека по направената ревизија во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ се констатирани многу финансиски пропусти, кои го оштетиле буџетот на училиштето.

– Ревизорскиот извештај на општина Тетово го доставивме до Советот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, како највисок орган во таа институција за да се разгледа, се вели во писменото сопштение на општина Тетово.

Според извештајот, констатирани се неколку финансиски пропусти кои го оштетиле буџетот на училиштето и со тоа го попречиле нормалното одвивање на наставата.

– Според Законот за основно и средно образование, Советот на училиштето има законско право ургентно да повика состанок за да го разгледа извештајот и да оцени дали има прекршување на закони и процедури од директорот на училиштето, по што ако се констатират неправилности, се известува градоначалникот на општина Тетово и му се предлага да го разреши од функција, велат од општина Тетово.

Исто така, преку адвокат, општина Тетово иницирала процедура за да се констатираат законските повреди што се направени од директорката.

Директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Теута Лала реагирала на ревизорскиот извештај, карактеризирајќи го како селективен. Таа информираше дека дека до неа не е доставена одлука од преставниции на општината Тетово, потпишана од градоначалникот, според која се бара разрешување на директорката.

– Денес ми е доставена одлука од преставници на општината. Одлука потпишана од градоначалникот на општината која го опишува моето разрешување. Оправданието на градоначалникот дека барањето и одлуката е по барање на Советот на училиштето не е основано, бидејќи од таму немам добиено некое писмо или извештај, изјави Лала.

Според неа, нема никаква злоупотреба на финансиите на училиштето, а ревизијата е направена селективно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот