Биљал Касами/ фото: принтскрин

Касами пријави во полиција дека Реџепи е исчезнат: Со вакви методи власта може и до 120 пратеници

Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави вечерва претседателот на БЕСА, Биљал Касами.

Касами, зборувајќи пред полициската станица „Бит-пазар“, информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат”, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

– Оваа власт станува криминална. Пратеник на Собранието на Република Македонија да исчезнува 24 часа и никој да нема информации каде се наоѓа, ова веќе не се работи за евроинтеграции. Не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и Законот, изјави Касами, вечерва пред Собранието.

Запрашан како го коментира тоа што Кастриот Реџепи се јавува преку социјалните медиуми, Касами рече дека тоа е дополнителен доказ дека тој може под сила да даде секакви изјави.

– Се додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може да претпоставувам. После ова што се случи 24 часа да не биде после ова не 61, власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Значи, веќе ова е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот