
Картата на Орбан во Фидес повторно ја испровоцира хрватската јавност (ФОТО)
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа состанок на претседателството на својата деснo -популистичка партија Фидес. Според хрватски „Индекс“, тоа само по себе и не е некоја вест, доколку состанокот не се случеше пред голема врамена карта на „историска Унгарија“, која опфаќа голем дел од териториите кои денес се наоѓаат во Хрватска.
Препорачано
„Индекс“ пишува дека картата е постојан инвентар во просториите на партијата, а Орбан објави фотографија кадешто истата може да се забележи, со описот: „Адвентски состанок на претседателството на партијата“.
16. Elnökségi ülés Advent idején // Advent meeting of the party presidency
Publiée par Orbán Viktor sur Lundi 16 décembre 2019
Дека Орбан и неговата влада се носталгични за времето кога Унгарија имала значително поголема територија, вклучувајќи и делови од повеќе земји на Балканот, не е новост и тајна, пишува хрватскиот медиум.
Така во јуни оваа година официјалната унгарска Твитер-страница на англиски јазик објави илустрација, односно стилизирана карта со која се сугерира дека по Првата светска војна и Трианонскиот договор на Унгарија ѝ се украдени две третини од територијата, вклучувајќи дури 63 илјади квадратни километри кои се дел од денешна Хрватска, Словенија и Србија.
На овој провокативен твит, кој околните земји го сфатија како иридентистичко посегање по териториите на соседните држави, беше дочекан со силна осуда во Словенија, додека Хрватска, според „Индекс“, ја премолчела провокацијата.