Карпошани двапати неделно ќе можат да се сретнат со општинските инспектори

Општина Карпош
Општина Карпош/ Фото: Фејсбук

Жителите на Карпош два дена во неделата ќе можат да остварат средби со општинските инспектори и лично да ги посочат неправилностите и проблемите во населбите каде што живеат, а кои се во надлежност на инспекцијата.

 Заинтересираните граѓани можат да остварат средба со инспекторите во Инспекторатот на Општина Карпош секој вторник и четврток од 12 часот до 15 часот. Закажувањето на термините за средби се врши секој работен ден од 7.30 часот до 15.30 часот на телефонските броеви 02/ 30 55 929 и 02/ 30 55 931, или со покана од инспектор – соопштија од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот