Фото: FIORANI FABIO, AGENZIA SINTESI / Alamy / Profimedia

„Карпата“ се расплака на Венецијанскиот филмски фестивал: Актерот доби 15-минутни овации за новиот филм!

Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“, беше преплавен од емоции на премиерата на неговиот нов филм „Машина за кршење“ (The Smashing Machine) на Венецијанскиот филмски фестивал. Публиката го поздрави со дури 15-минутни овации, по што актерот не успеа да ги задржи солзите.

На снимките од фестивалот се гледа како Џонсон и неговата колешка Емили Блант, која исто така игра во филмот, бришат солзи додека салата грми од аплаузи и одобрување.

Новинарот Рамин Сетудех од списанието „Варајети“ ја опиша сцената како една од најемотивните на Лидо во последните години: „Двејн Џонсон плаче за време на 15-минутните овации. Ова е најголема емоција што ја видовме овде уште од настапот на Брендан Фрејзер со ‘Китот’ (The Whale)“.

Двејн Џонсон и Емили Блант / Фото: Marco Barada / Zuma Press / Profimedia

Иако Џонсон со години е миленик на публиката и владее со кино-благајните, улогата во оваа спортска драма го позиционира како сериозен кандидат за Оскар. Многумина веќе прават споредби со Брендан Фрејзер, кој во 2022 година исто така во Венеција доби овации што го означија почетокот на неговиот триумф со „Китот“ и завршија со Оскар за најдобар актер.

Филмот е во режија на Бени Сафди и ја раскажува бурната животна приказна на Марк Кер, борец кој веќе беше тема на популарниот документарец „Машина за кршење“.

Емили Блант, која со Џонсон претходно глумеше во „Авантура низ џунглата“ (Jungle Cruise), овојпат ја толкува улогата на неговата посветена девојка Дон.

Американската премиера на „Машина за кршење“ е закажана за 3 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!