
Каролина со сопругот ужива во живописната Апулија: Пејачката сподели прекрасни фотографии
Пред две недели нашата поп ѕвезда Каролина Гочева преку своите профили на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека, за жал, мора да го откаже концертот во Охрид кој беше закажан за 4 август, затоа што се тестирала и е позитивна на ковид-19.
Препорачано

По карантинот и прележувањето на вирусот пејачката реши да одмори и да ги наполни батериите за своите следни настапи.

Каролина на својот инстаграм – профил сподели прекрасни фотографии и на своите фанови им откри дека ужива во Апулија, Италија.

Прекрасната област Апулија ја претставува самата „штикла“ на италијанската карта која изгледа на чизма, сместена во јужна Италија, и толку е живописна што изгледа како да е насликана.

Според „National Geographic“ Апулија е на врвот на дестинациите кои треба да се посетат, „New York Post“ ја нарекоа „волшебната Апулија“, а „Lonely Planet“ ја ставија на листата на дестинации кои морате да ги посетите.

Пејачката вчеравечер не почести со фотографии и кратки видеа од ова прекрасно место каде ужива во друштво на нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
43мин
-
57мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5