Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Карлос Алкараз го откажа настапот на мастерсот во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на Мастерсот во Рим. Оваа вест младиот Шпанец ја сподели преку својот Инстаграм профил, а причина за неговото повлекување е повреда, односно болка во раката.

– Чувствував болка по играњето во Мадрид, непријатност во раката. Денеска имав прегледи и имам оток на мускулот на подлактицата, што е резултат на претходна повреда. За жал, не можам да играм во Рим, морам да почнам со опоравувањето за да играм 100 отсто без болки – објави Алкараз.

Алкараз лани беше елиминиран во второто коло на Мастерсот во Рим од Фабијан Марожан со 2:0, што значи дека практично не губи АТП бодови.

Тоа значи дека патот до титулата во Рим ќе му биде „полесен“ на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ бидејќи повлекувањето на еден од неговите најголеми ривали го намали бројот на фаворити за пехарот, а останува да се види колку ќе биде подготвен Јаник Синер биде по неговата повреда на колкот.

Титулата во Рим ќе ја брани Данил Медведев, кој ја освои единствената титула таму на земјена подлога со победата над Холгер Руне во финалето минатата година. А лани Руне го исфрли Ѓоковиќ во четвртфиналето на патот до финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот