Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Карлос Алкараз елиминиран од Мастерсот во Синсинати

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во осминафиналето е елиминиран од Мастерсот во Синсинати, САД, откако по пресврт беше поразен од Французинот Гаел Монфис со резултат 2:1 по сетови 4:6, 7:6 (5), 6:4 за два часа и 31 минута.

Мечот беше прекинат во четвртокот вечерта поради дожд кога Алкараз водеше со 1:0 во сетови, а во вториот сет Монфис поведе со 3:1 во тај-брејкот. Французинот тој сет го доби со резултат 7:5 во тај брејкот, па мечот влезе во решавачкиот сет.

Во третиот сет Монфис направи брејк за водство од 2:1 и на крајот ја оствари најголемата победа во последните неколку години.

Пред Монфис во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати без борба се пласираа и Јаник Синер, како и Андреј Рубљов и Александар Зверев.

Наградниот фонд на Мастерсот во Синсинати е 6.795.555 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!