Карлос Алкараз добил 900.000 долари само за учество во Буенос Аирес

EPA-EFE/LUCIANO GONZALEZ

Организаторот морал да го одврзе кесето за да го донесе Шпанецот на Аргентина опен, турнир на кој вкупниот награден фонд изнесува 730.000 долари, а шампионот добива 98.000 долари

Според аргентинскиот медиум „Ла насион“, тенисерот број два на светот Карлос Алкараз добил 900.000 американски долари само да учествува на турнирот во Буенос Аирес, Аргентина, на кој шокантно изгуби во полуфиналето од Николас Жари со 6-7, 3-6.

Целиот награден фонд на овој турнир наречен „Аргентина опен“ е околу 730.000 долари, шампионот добива околу 98.000 долари, а финалистот 57.000 долари.

Турнирот е во рангот АТП 250 што е релативно низок ранг и затоа организаторите на ваквите турнири мораат да ги плаќаат екстра големите имиња, за тие да учествуваат.

Алкараз ја бранеше титулата на овој турнир, а изгуби во полуфиналето од Чилеанецот Николас Жари, кој е 19. на АТП листата.

Жари подоцна во финалето изгуби од Аргентинецот Факундо Дијаз Акоста во два сета.

Според организаторот на Аргентина опен, вкупната сума за да се организира турнирот е три до четири милони долари годишно.

Интересно, еден од косопствениците на овој турнир кој е во сопственост на приватна компанија, е Чилеанец, а другиот Белгиец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот