карди би
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Карди Би ослободена од обвиненијата за напад, не мора да плати отштета: Поранешната обезбедувачка најави контратужба

Раперката Карди Би е ослободена од судот во Лос Анџелес за обвиненијата за напад и физичко насилство и не мора да плати никаква отштета во тужбата од 24 милиони долари поднесена од поранешната обезбедувачка Емани Елис. Имено, Карди Би беше обвинета за плукање и користење расистички навреди кон Емана Елис во наводен инцидент во 2018 година, пишува „Пејџ сикс“.

Обезбедувачката најави дека ќе поднесе контратужба по пресудата.

Музичарката негираше каква било физичка пресметка за време на сведочењето минатата недела. Таа призна дека се случила вербална пресметка меѓу неа и Елис откако таа ја нарушила нејзината приватност снимајќи ја за време на медицински преглед додека била бремена со своето прво дете.

Елис тврдеше дека Карди Би ја повредила при удар со ноктот. Сепак, лекар од гинеколошка ординација во Беверли Хилс, каде што се случил наводниот инцидент, сведочеше дека не ја видел Карди Би како ја напаѓа обезбедувачката.

Во тужбата, се тврди и дека Карди потоа го искористила својот статус на позната личност за да ја натера Елис да даде отказ од работата како обезбедувач. Сепак, претставник на медицинската установа изјави дека гинекологот на Карди и координаторот на пациенти се одговорни за отпуштањето на обезбедувачот бидејќи двајцата сметале дека обезбедувачката ја нарушува приватноста на Карди.

Претходно истиот ден, Карди Би реагираше луто кога еден фотограф ја праша за гласините за бременост што наводно ги ширел нејзиниот поранешен сопруг Офсет. Кога ја напуштила судницата, таа зграбила маркер од некој обожавател и го фрлила кон фотографот.

„Гледаш ли жени да ми поставуваат такви прашања? Зошто мислиш дека ти, како маж, имаш право да ми поставуваш такви прашања? Однесувај се како да си учел дома. Почитувај ги жените“, му рекла раперката. Додека таа си одела и влегувала во својот автомобил, фотографот извикал: „Сè уште те сакам, Карди!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!