Карди Би со децата - Фото: Инстаграм/iamcardib

Карди Би бесна на својот поранешен сопруг: „Сама одгледувам три деца, знаете ли колку чини тоа?“

Карди Би отворено зборуваше за тоа колку чини одгледувањето на нејзините три деца со поранешниот сопруг ОфсетКултур (6), Вејв (3) и осуммесечниот Блосом – и го обвини дека не е финансиски вклучен во нивните животи.

„Сакате да знаете колку чини да имате деца? Почнете да собирате. Моите деца имаат свој возач. Неговите услуги ме чинат 10.000 долари месечно“, рекла раперката во објавата на Икс спејс.

Раперката, која поднесе барање за развод во јули, тврди дека Офсет дури и не придонесува за плаќање на приватното училиште на нивната ќерка Култур, за кое таа троши околу 45.000 долари годишно. „Култур и Вејв имаат часови четири пати неделно. Култур, исто така, зема часови по пијано – тоа е 300 долари на час, трипати неделно. Не сум сигурна колку чинат гимнастиката и тренингот по бокс на Вејв, но јас плаќам за сето тоа“, рекла Карди.

Тоа, вели таа, е само дел од вкупните трошоци.

„Мојата братучетка ги чува Култур и Вејв. Јас ѝ плаќам 3.000 долари неделно“, открила таа.

Најмладата, Блосом, има посебна дадилка, која добива 500 долари по смена.А тоа дури и не ја вклучува храната.

„Моите деца имаат личен готвач кој доаѓа од 7 часот наутро до 5 часот попладне. Јас плаќам за тоа бидејќи никој во куќата нема време да готви“, објаснила Карди.

Покрај дневните трошоци, Карди тврди дека самата ги покрива сите трошоци за домување и плаќа за 24-часовно обезбедување пред нејзиниот дом поради заканите што семејството ги добило во минатото.

„Се мачев за сето ова. Ми ја остави целата издршка за децата“, рекла таа за Офсет.

Карди одлучи јавно да проговори откако Офсет (вистинско име Киари Цефус) поднесе барање за издршка на брачниот другар во неговото барање за развод, а потоа проговори за тоа пред медиумите.

Поради ова, вели Карди, таа изгледала како „мајка на која не ѝ е грижа за своите деца“.

„Белкалис Марленис Алманзар плаќа повеќе од 50.000 долари месечно само за децата“, рекла таа, нарекувајќи се себеси со нејзиното вистинско име.

„Јас ги плаќам тие сметки. Нема помош“, заклучила таа.

Карди Би го обвини поранешниот сопруг за злоставување и закани за убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот