Авиони на „Изиџет“ / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Капетанот плачел и се тресел: Избегнат судир на два авиона во Ница

На аеродромот во францускиот град Ница е избегнат сериозен инцидент, кога два авиона речиси се судрија на пистата, минувајќи еден покрај друг на само три метри, објавија медиумите.

Инцидентот се случил кога авионот на туниската компанија „NuvelEr“ речиси се судрил со авионот на „EasyJet“ додека се подготвувал за полетување.

Патниците во авионот на EasyJet изјавиле дека полетувањето прво било одложено поради лошото време, додека над Азурниот Брег синоќа имало бура со грмотевици и густа магла. Тие додадоа дека авионот неколку пати ги менувал пистите, а потоа, во моментот кога се слушнал оглушувачки шум, виделе дека авион на туниската компанија се нашол на само три метри од нивниот авион.

Патниците рекле дека паниката била голема, а капетанот излегол од кабината плачејќи и тресејќи се. Тој им соопштил дека судирот бил избегнат за три метри и дека летот не може да продолжи, по што веднаш бил откажан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот