Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Канје Вест: Следната година ќе настапам на Супербол во маица со свастика

Канје Вест објави на Икс дека ќе настапи на следниот Супербол облечен во маица со свастика. Ова доаѓа откако тој објави дека сфатил дека не е нацист.

Тој сподели еден куп објави на Икс, вклучувајќи ја и оваа за Супербол. Потоа објави дека „луѓето што имаат пари“ му ги купиле маиците.

Меѓу другото, во своите последни твитови напиша: „Нѐ научија за расизам… А потоа ни рекоа да не бидеме расисти“. Тој потоа додаде: „Има многу црнци кои имаат јавни платформи, но не им е дозволено целосно да се изразат. Но, јас можам и го правам тоа“.

Тој исто така нагласи дека стои зад сѐ што кажал и дека никој никогаш повеќе нема да го присили да се извинува. Тој, исто така, побара од луѓето да не му даваат совети, освен ако тој самиот не го побара тоа.

Пред некој ден тој тврдеше дека „не е нацист“ и покрај тоа што предизвика гнев во јавноста на почетокот на овој месец, тврдејќи го токму спротивното.

На почетокот на февруари, раперот го изрази своето воодушевување од Адолф Хитлер на платформата Икс (поранешен Твитер), отворено пишувајќи „ЈАС СУМ НАЦИСТ“. Покрај тоа, тој почна да продава маици со кукасти крстови на својата онлајн продавница, а подоцна тврдеше дека од неа заработил дури 40 милиони долари.

Меѓутоа, Канје оттогаш ги избриша тие објави и напиша: „По подолго размислување, сфатив дека не сум нацист“.

Раперот неодамна почна да продава маици на кои има свастика на себе. Белите маички со црна свастика на предната страна беа единствениот производ што може да се купи на неговата веб-страница, а по цена од 19,95 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот