
Канје Вест почна да продава маици со кукасти крстови
Канје Вест, познат како Јe, во последно време постојано ја шокира јавноста. Откако купи 30 секунди рекламен слот за време на Супербол, на кој беше објавена реклама за неговата веб-страница „Yeezy“, раперот почна да продава маици на кои имасвастика. Белите маички со црна свастика на предната страна се единствениот производ што може да се купи на неговата веб-страница по цена од 19,95 евра.
Препорачано

Во рекламата, која се емитуваше во текот на втората четвртина од натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, раперот носи очила за сонце и се пофали дека „има нови заби“. „Што има, екипа? Ги потрошив сите мои комерцијални пари на овие нови заби, па морав повторно да ги снимам на мојот ајфон“.
Тој, исто така, неодамна предизвика лавина од реакции откако сподели фотографија од истите маици со кукасти крстови на Икс, тврдејќи дека сакал да ги „направи“ со години. „Ова е моето најголемо уметничко дело досега“, рече тој. На маиците стои натписот „HH“, за кој многумина веруваат дека е скратеница на фразата „Хајл Хитлер“.

Неговата објава на Икс досега ја погледнале повеќе од осум милиони луѓе, а контроверзниот рапер се соочи со бројни критики. „Целосно си го уништи угледот“, „Те молам немој“, „Човеку, твоите деца сега би биле толку разочарани од тебе“, „Ми недостига стариот Канје“, беа само дел од коментарите.
По серијата нацистички испади, Илон Маск потврди дека јавноста повеќе нема да може да го гледа профилот на раперот.
„Со оглед на сè што објави, неговиот профил сега е означен како NSFW (не е безбеден за работа). Не треба повеќе да ја гледате“, рече Маск на Икс.