фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Канаѓаните ја запишаа и втората победа на олимпискиот кошаркарски турнир

Кошаркарската репрезентација на Канада во Лил ја совлада Австралија со резултат 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) во натпреварот од второто коло од групата А на Олимписките игри.

Реџеј Барет беше најефикасен во канадската селекција со 24 поени, а Дилон Брукс и Шеј Гилџес-Александер постигнаа по 16.

Во австралиската репрезентација најдобар беше Џош Гиди со 19 поени, Џок Лендејл додаде 16, а Данте Ексум 15.

Кошаркарите на Шпанија претходно денеска во првиот натпревар од второто коло од групата А триумфираа над Грција со резултат 84:77.

Канадската репрезентација е прва на табелата со четири бода, а по три освоија селекциите на Австралија и Шпанија. Грција е последна со два бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот