Илустрација / Фото: Pexels / Waldemar

Канаѓанец добил на лотарија четирипати, собрал повеќе од 2,5 милиони долари

Канаѓанецот Дејвид Серкин, од покраината Алберта, освоил вкупно околу 2,5 милиони канадски долари (околу 1,8 милиони американски долари) на лотарија не еднаш, туку четирипати.

Во текот на претходните 10 месеци, Серкин освоил три значајни добивки: 500.000 долари (365.390 американски долари) во август, еден милион долари (730.780 американски долари) во ноември и уште еден милион во мај оваа година, пишува „Гардијан“.

Според податоците од Западноканадската корпорација за лотарија (WCLC), ова се неговата втора, трета и четврта добивка на лотарија во неговиот живот, при што првата е евидентирана пред повеќе од 10 години, кога освоил 250.000 долари.

„Знам дека шансите се астрономски. Не верувам дека ќе се случи повторно, но сепак сакам да купувам билети“, рекол Серкин.

Како што е наведено, тој го купил последното добитно лото ливче на бензинска пумпа во неговиот роден град Летбриџ, а само за првата од тие добивки, шансата да ја погоди главната награда била еден на 33,3 милиони.

Серкин редовно игра лотарија од 1982 година, бидејќи, како што вели, ужива во самиот ритуал.

„Купете ливче, проверете ги броевите и ако имате среќа, ќе бидете задоволни со добивката“, објаснил Серкин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот