Кампањата против врсничко насилство влезе и во училиштата во Карпош

Фото: Општина Карпош

Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Крени глас против врсничко насилство“. Основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилниците кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со причините, последиците како и со начините на кои што можат да се справуваат со булингот.

За поефикасна реализација на оваа кампања, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во декември минатата година потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со оваа компанија.

Целта на овие активности е да се подигне свеста меѓу учениците, дека последиците од врсничкото насилство не можат да се санираат, но можат да се превенираат. Оттаму, стручните лица упатуваат порака до пошироката јавност дека секој има можност да избере – дали ќе молчи и ќе го игнорира врсничкото насилство или ќе крене глас и ќе разговара за него. Притоа, тие ги охрабруваат жртвите на врсничко насилство да побараат помош, да разговараат со родителите, професорите или училишниот психолог, односно педагог – информираа од Општина Карпош.

Сите оние кои сакаат да ја подигнат свесноста за оваа социјална аномалија и да направат промена, можат да ја посетат официјалната веб-страница на кампањата www.kreniglas.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот