
Камен од Марс што падна како метеорит на Земјата ги открива тајните на Црвената планета
Има сè повеќе докази дека Марс некогаш бил влажна средина со езера и океани кои го заплискувале брегот и таложеле седименти кои роверите на површината на Црвената планета ги проверуваат. Но, понекогаш наоѓаме докази на самата Земја.
Препорачано
Некогаш имало вода на Марс. Ние знаеме за тоа. Довршувањето на загатката за тоа кога, како и каде исчезнала, меѓутоа, е потешко да се утврди, пишува earth.com.
За среќа, научниците сега открија голема трага – метеорит кој бил подигнат од Марс пред 11 милиони години и завршил на Земјата, открива дека на Марс имало течна вода пред помалку од милијарда години.
Според новите анализи на метеоритот Лафајет, минералите во него настанале во присуство на вода пред 742 милиони години.
„Датирањето na овие минерали може да ни каже кога во геолошкото минато на планетата имало течна вода на или во близина на површината на Марс“, вели геохемичарката Марса Трембли од Универзитетот Пердју.
„Ја утврдивме староста на минералите во марсовскиот метеорит Лафајет и откривме дека тие се формирале пред 742 милиони години. Мислиме дека во тоа време немало изобилство на течна вода на површината на Марс. Наместо тоа, мислиме дека водата настанала од топењето на блискиот пермафрост (вечен мраз), предизвикан од магматската активност која и денес повремено се појавува“, објаснува Трембли.
Еден од материјалите што го сочинуваат метеоритот е идинзит, а настанал од вулканска базалтна карпа која доаѓа во контакт со течната вода. Метеоритот исто така содржи и аргон.
Датирањето на минерали самото по себе може да биде проблематично, но во тоа подрачје е постигнат напредок. Техниките за радиометриско датирање може да се користат за изотопите на аргонот за да се одреди точно кога настанал елементот.
Истражувачите ја користеле оваа техника на мал примерок од метеоритот за да утврдат колку време поминало откако карпата дошла во контакт со водата за да формира идингзит.
„На проценката на староста може да влијае ударот што го лансирал метеоритот од Марс, како и неговото загревање при паѓањето на Земјата. Но, успеавме да покажеме дека ништо од тоа не влијаело на проценката на периодот кога дошол во контакт со водата“, истакнува геохемичарката.