Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Калин Ивановски ја помина првата пречка на фјучрсот во Португалија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во втората рунда на фјучрсот во Синтра, Португалија.

Ивановски ја оправда улогата втор носител со победата над Британецот Маркус Волтерс со 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (5).

Првиот сет беше решен во петтиот гем кога Ивановски успеа да направи брејк и на противникот да му го одземе гемот на сервис и притоа поведе со 3:2, а веднаш потоа и со 4:2.

До крајот на сетот Ивановски ја задржа предноста и го доби сетот со 6:4. Во вториот сет имаше по еден брејк на за двајцата тенисери, па сетот беше решен во тај брекот. Македонецот поведе со 5:1 во поени, но противникот израмни на 5:5, сепак следните два поена му припаднаа на Ивановски кој го доби сетот со 7:6, а воедно и мечот.

Во следното коло противник на Ивановски ќе му биде Дуарте Вела од Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот