Калевска – Ванчева: Пописот беше неопходен и спроведен според закон и правулата на Евростат

Снежана Калевска Ванчева / фото: СДСМ

Пописот на насението, домаќинставта и становите кој се одржа после 20 години во нашата држава, е голем успех за граѓаните и за државата воопшто, оцени пратеничката на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева.

-Ние од самиот почеток сме конзистентни дека пописот е неопходен и мора да се случи и можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години за прв пат, комбиниран попис, кој што се спорведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен. Кога 99 проценти ќе бидат попишани тоа е резултат со кој што не можат да се пофалат многу развиени европски држави, рече Калеска – Ванчева пренесувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ.

Таа не сакаше да го коментира ставот на опозициската Левица, и нагласи дека пописот е спроведен согласно закон и сите правила на Евростат.

-Клучно е што после 20 години оваа држава ќе добие релевантни податоци кои што се однесуваат на бројот на резиденти, бројот на нерезиденти, но најмногу и најважно е на бројот на резиденти и бројот на домаќинста, станови.. и сите тие податоци се исклучително важни заради општетствениот и економскиот развој на државата во следниот период, рече Калеска – Ванчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот