Каква маскара да одберете според формата на вашите трепки, еве ги препораките

Да се одбере и погоди добра маскара е подеднакво исто како да се погодат добар пар фармерки кои супер ни прилегаат. Ако сè уште се прашувате зошто пак сте ја „утнале“ маскарата, верувајте дека не е до нејзиниот квалитет, туку до тоа што не си ги познавате добро своите трепки, а и не знаете каков тип на маскара за нив ви е потребна.

За да не талкате и понатму, еве го нашиот практичен водич кој ви посочува кои се најдобрите маскари за вашиот тип на трепки.

Маскари со голема и мека четкичка

Маскарите со голема и мека четкичка потешко се ракуваат, но затоа пак се совршени за сите оние кои имаат ретки трепки. Овие маскари се препорачуваат само за оние кои сакаат да ги „пополнат“ трепките и да им дадат полн и волуминозен изглед.

Маскари со заоблена и дебела четкичка

Ако вашите трепки се долги но спуштени и сакате да ги поткренете и да им додадете волумен, тогаш барајте маскара со заоблена и дебела четкичка.

Маскара со заоблена и тенка четкичка

Ваква четкичка треба да бараат сите оние кои имаат кратки, а спуштени трепки.

Маскара со четкичка во форма на песочен часовник

Со ваква четкичка маскарата лесно се нанесува и може да ги фатите трепките од сите агли. Ги издолжува трепките и додава волумен. Одлични се за сите што имаат класична форма на трепките.

Маскара со тенка четкичка

Овие маскари се препорачуваат за оние кои имаат многу кратки и прави трепки. Не додаваат волумен, но значително ги издолжуваат трепките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот