Facebook

Како зборуваше Драган Николиќ за Милена Дравиќ, љубовта на неговиот живот: Понекогаш дури и мала расправија може да го освежи денот

Драган Николиќ, еден од најголемите актери од овие простори, кој е роден на денешен ден, 20 август во 1943 година, остави неизбришлив белег на актерската сцена во регионот, а за неговиот приватен живот малку се знаеше.

Неговиот живот го обележа неговата љубовна приказна со Милена Дравиќ.

Во времето кога Милена Дравиќ и Драган Николиќ се запознале, таа веќе била голема актерска ѕвезда, додека тој штотуку ја започнувал својата кариера. Се запознале на снимањето на филмот „Хороскоп“, а подоцна од нивното пријателство се родила љубов. По кратко време решиле да започнат заеднички живот.

– Кога ѝ пријдов, имав впечаток дека ми е стара школска другарка која не сум ја видел долго време или девојка од маалото која ја познавам цел живот. Токму во тоа лежи нејзината вистинска големина. Ме освои со својата непосредност и нормалност, и покрај големата популарност што веќе ја уживаше во тоа време. Можеше да се однесува како што сака и никој немаше да ја обвини, бидејќи веќе беше една од нашите најголеми ѕвезди. Тоа е нешто со што таа плени и освојува – раскажа Николиќ.

Facebook

Се венчале во 1971 година, за време на снимањето на новогодишниот ТВ филм „Како се сакаа две будали“. За време на паузата помеѓу снимањето, побарале дополнителен час, отишле во општина Врачар и се венчале.

-Ја снимавме во Звездарска шума драмата на Душко Радовиќ „Како се сакаа две будали“. Кога завршивме кај матичарот и станавме брачен пар, отидовме на ручек. Потоа се вративме во Опсерваторијата на Звездара и продолживме да снимаме како ништо да не се случило. Немаме дури ни фотографија од венчавкат – рекла своевремено Милена.

„Веќе не се сеќавам како ја запросив. Веројатно тоа било нешто во два-три збора, зашто не сакам многу да зборувам“, рече Драган во едно интервју, во кое одговари и на прашањето зашто немале деца:

„Сметам дека тоа што немаме деца е голем недостаток, не мана, ама едноставно е така. Тоа ни дава шанса сите деца да ги гледаме како свои. Ние ја имаме нашата мала внука Ива. Таа ни го надомести сето она што ние го немавме и околу неа се врти целиот наш свет“.

Facebook

Во ретките прилики кога јавно зборуваа еден за друг, секогаш нагласуваа дека нивниот сопружник е нивниот најголем поддржувач и најстрог критичар.

– За брак што трае четири децении, има повеќе причини да се заврши отколку да опстане. Но, најлесно е да се скрати и заврши нешто, многу е потешко да се борите за да го спасите бракот. Понекогаш дури и мала расправија може да го освежи денот. Понекогаш е потребно да се биде љубоморен, бидејќи и тоа е еден од показателите за љубовта – зборуваше Драган.

Нивната голема љубов опстана, а како што еднаш рече Милена, љубовта беше и останува многу повеќе од она што се пишуваше за нив и таа секогаш беше горда на она што го имаа.

Драган Николиќ почина на 11 март 2016 година по долго и тешко боледување.

„Времето тече, животот минува, годините итаат и еве ме мене, веќе некое време седам, се одморам. Мојот Гага го нема веќе една година, а јас сум веќе неколку месеци болна. Се борам. Си барам ангажман, нешто сработувам, телефонот ѕвони често, излегувам во пресрет на луѓето колку што можам… Со терапевтот правам вежби кои ми се неопходни, гладам ТВ како никогаш досега, се гледам само со најблиските. Важно е да се работи, работи, работи… Сеќавања, сеќавања…“, напиша Милена една година по смртта на Драган Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот