Profimedia

Како технологијата помогна да се обнови Нотр Дам – Милијарда ласерски точки за дигитален модел во целосна големина

Франција успеа да ја обнови легендарната катедрала во рок од пет години, што веројатно немаше да биде возможно без напредни технологии и секако, малку среќа, пишува Си-ен-ен.

По катастрофалниот пожар пред пет години, париската катедрала Нотр Дам повторно беше отворена овој месец. Изгледа речиси исто како кога за прв пат бил изградена во 1163 година.

Огромниот проект за реконструкција беше доказ не само за напорната работа на Французите, туку и за ласерите, дроновите и другата напредна технологија.

Софтверската компанија „Аутодеск“ имала главна улога во создавањето на моделот на зградата каква што била пред пожарот. Технологијата ѝ овозможи на Франција да ја исполни амбициозната петгодишна цел за реставрација на претседателот Емануел Макрон.

Милијарда ласерски точки

Реконструкцијата, на некој начин, започнала уште пред пожарот. Со игра на среќата, историчарот на уметност Ендрју Талон во 2015 година внимателно ја скенирал зградата со ласери. Талон, кој проучувал готска архитектура, се обидувал да сфати како средновековните градители изградиле некои од големите европски катедрали.

За неговиот првичен обид – четири години пред пламенот да ја зафати катедралата – барал 12 ласери и тим од седум инженери да ја скенираат зградата и да соберат 46.000 слики. Просторната карта што ја изработил користела повеќе од милијарда точки измерени со ласер и открила некои претходно непознати детали за катедралата – како на пример дека внатрешните столбови на западниот крај на катедралата не се во согласност еден со друг.

Талон починал во 2018 година, само неколку месеци пред пожарот во април 2019 година. Додека стотици пожарникари се бореа со пожарот, поголемиот дел од структурата беше уништен, вклучувајќи ја и иконската кула висока 96 метри која се урна низ покривот.

Profimedia

Иако неговите детални скенирања откриле многу за античката структура – која претрпела безброј мали промени во текот на вековите – тие не биле доволни за изработка на деталниот модел потребен за обнова на Нотр Дам.

Затоа се вклучил „Аутодеск“. Во соработка со француската ласерска компанија АГП за инсталирање скенери околу катедралата и снимање на милијарди точки кои биле потребни за да се создаде дигитален модел во целосна големина.

Процесот по пожарот бил макотрпен. Катедралата била многу нестабилна веднаш по пожарот. Морале да изградат привремени структури и континуирано да скенираат за време на процесот на обнова. Конечно, целосниот поглед бил снимен со поставување на нови ласерски скенови и снимки од дрон, во комбинација со претходните скенови на Талон.

Поради сложеноста, структурните детали и големината на Нотр Дам, на компаниите им требало повеќе од една година да го создадат најновиот 3D модел. Во споредба со традиционалните методи за документирање на историски структури, овие типови скенирања драматично го забрзуваат процесот.

Иако новата катедрала изгледа речиси идентично со оригиналот, неколку области се модернизирани: додадени се системи за прскање и за гаснење пожар, осветлувањето е оптимизирано и изгледот е почист.

И плоштадот пред катедралата е редизајниран со помош на технологијата на Аутодеск. Компанијата поддржала четири натпреварувачки тима во изработка на 3Д визуелизации на нивните предлози пред да добијат коментари од јавноста и избрале победник.

Аутодеск, основан во 1982 година, има долга историја на користење на 2D и 3D моделирање од филмска анимација и видео игри до градежништво. Нејзината технологија за скенирање одиграла клучна улога, особено во обновувањето на објекти од катастрофи и зачувување на историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот