Фото: Freepik

Како шминката да не ви се растопи на лицето во лето? Применете ги овие совети и ќе изгледате совршено!

Прекумерното потење умее да биде исклучително непријатно, особено кога потта ќе го облее вашето лице, па шминката ќе се разлее по него. Бидејќи сме во екот на најголемиот топлотен бран, ви нудиме неколку трикови како да се изборите со него, а шминката да остане совршена на вашето лице.

Мокри сте од глава до петици, непријатено ви е, особено поради трагите од потта на облеката, но кога целото лице ви е во пот, тоа е вистински проблем. Важно е да знаете дека потењето е природен процес со кое телото се разладува по потреба, со тоа што тоа кај некои луѓе е повеќе изразено. За среќа, меѓу останатото, тука се природните препарати кои можат да го ублажат овој проблем.

Домашна препарати

Сок од краставици. Познато е дека краставицата е благотворна за кожата на лицето, така што е одлична и за прекумерното потење. Доволно е да исцедите една свежа краставица, со сокот да натопите парче памук и да поминете со него преку лицето. Тоа ќе ве спаси од потењето неколку часа.

Тоник со алое. Потењето на лицето ќе го ублажи и тоник со висока содржи на алое. Го има во повеќето аптеки, а можете и сами да го направите. Ако дома имате билка алое вера, исцедете сок и со него еднаш дневно премачкајте го лицето. Алоето има ефект на ладење и брзо и едноставно го регулира претераното потење на лицето.

Мраз. Мразот може да биде многу делотворен за испотеното лице. Потребно е само да го ставите во памучна ткаенина и со тоа благо да ја истриете кожата. На тој начин ќе го разладите лицето, што ќе го намали потењето.

Уште неколку практични совети

Заборавете на пудра во камен или прав. Ако се обидте да спречите лицето да ви сјае од потта така што ќе нанесете пудра во камен или во прав, единствено што ќе постигнете е да ја истакнете и најситната брчка. Наместо тоа, подобро користете ББ крем кој е полесен и лицето помалкуќе ви се поти. Исто така, добро е кога ќе го нанесете кремот со крпата блато да го истапкате лицето, за да го отстраните евентуалниот вишок од кремот.

Користете „прајмер“. Дури и ако инаку не го користите, во лето навистина ви е потребен за шминката подолго да трае на лицето. Нанесете го „прајмерот“ пред да го ставите ББ кремот (или пудрата, ако баш сакате) и одберете го оној којшто не содржи никакви масла.

Избегнувајте тешки пудри и подлоги за шминкање. Пудрите кои содржат масло и „гарантираат“ дека ќе ви ја покријат и најмалата мана на лицето, главно се тешки и се топат. Одберете полесна пудра, без масло.

При нанесувањето на хидратантниот крем на лицето (и кремот за сончање),немојте да ја нанесувате на самите капаци на очите, бидејќи поради горештините по неколку часа сенката ќе изгледа очајно. Наместо крем, ставете „прајмер“ за очи, односно базна сенка, која овозможува вашата вистинска сенка да трае подолго, да изгледа поубаво, а го спречува и нејзиното таложење на капаците.

Откако сте го нанеле „прајмерот“, нанесете моливче за очи, малку сенка и маскара. Избегнувајте дебели црни црти нацртани со тушна на очите, бидејќи шминката ќе ви изгледа претерана и тешка. Ви препорачуваме целата шминка да биде водоотпорна, бидејќи ќе го избегнете нејзиното топење и размачкување по лицето на овие горештини. Ако маскарата е задолжителен дел од вашата шминка, не заборавете да купите водоотпорна, за да не дојдете во ситуација поради потта црната боја од маската да ви тече низ лицето.

Ако не можете без сенка за очите, внимателно одберете ја, бидејќи често поедини сини, зелени и виолетови пигменти, под дејство на УВ-зрачењето можат да предизвикаат иритации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот