EPA-EFE
Фото: EPA-EFE

„Како секое обично семејство“: Британските монарси имаат необични прекари полни со значење и интересни приказни

Приватно британската кралица Елизабета Втора и нејзиното семејство имаат, како секое обично семејство, симпатични прекари, а секој од нив има посебно значење. Еве кој е Гари, а кој Попс, но сигурно никогаш нема да погодите кој се крие зад имињата Гледис и Фред.

ФОТО: Ова се сите правнуци на кралицата Елизабета и еве што значат нивните имиња

Ваше височество, Ваше кралско височество, господине, госпоѓо – толку формални имиња постојат во кралскиот протокол. Во јавноста формалностите се нужни, но приватно дури ни членовите на кралското семејство не им одолеваат на слатките прекари. Од принцезата Шарлот до кралицата Елизабета Втора, секој член на кралското семејство има интересен прекар.

Прекарите на кралицата Елизабета

Profimedia
Фото: Profimedia

Таа сигурно има најмногу прекари во семејството. Во младоста роднините ѝ го дале прекарот Лилибет, бидејќи не можела правилно да го изговори своето име. И нејзината мајка се викала Елизабета, па тоа е уште една причина да се задржи прекарот Лилибет. Денес тој е позначаен, бидејќи принцот Хари и неговата сопруга на својата ќерка ѝ го дадоа токму името Лилибет, со прекар Лили, во чест на кралицата Елизабета.

Внуците, принцовите Вилијам и Хари, ја нарекуваат „баба“, а во врска со ова има и интересна анегдота. Имено, кога бил мал Вилијам не можел да изговори „грени“, на англиски „баба“, па ја викал „гери“. Еден ден кога паднал и се удрил, почнал да плаче и да вика: „Гери, Гери“. Кога му пришол некој човек ѝ го прашал „кој е Гери?“, се појавила кралицата и рекла: „Јас сум Гери“. Принцот Џорџ исто така ѝ дал на кралицата посебен прекар, кој го откри Кејт Мидлтон во 2016 година во едно интервју кога изјави: „Џорџ има само две и пол години и баба му ја вика ‘ган-ган’“.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Принцот Филип, кој почина во април, својата сопруга ја нарекувал „кебиџ“ (зелка). Според зборовите на Ингрид Сиворд, уредничка на списанието „Мажести“, членовите на потесното семејство смеат да ѝ се обраќаат на кралицата со „мамо“. Така често ја нарекуваат и нејзините снаи, Камила Паркер-Боулс и Софи Рајс-Џонс.

Прекарите на принцот Вилијам

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE

Таткото на три деца, принцот Вилијам, има класичен прекар „папа“ (нагалено од „тато“) кој го користат неговите деца. Но, Џорџ има уште еден прекар за татко му и го нарекува „попс“. Блиските членови од семејството го нарекуваат скратено Вил, но неговата сопруга за него има нежен прекар „срце“. Вилијам има уште еден прекар од мајка му, починатата Дајана, „Вомбат“, а во интервју во 2007 година, тој откри како го добил: „Кога имав две години, бевме во Австралија, каде што вомбатот е локално животно. Не знам зошто почнаа оттогаш да ме викаат така. Не затоа што изгледам како вомбат, или можеби баш затоа.“

Прекарите на Хари и Меган

epa-efe
Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Кога му се обраќа на сопругот, Меган знаела нежно да му викне Хаз, а често го нарекувала едноставно „Х“, што е типичен и вообичаен деминутив за Англосаксонците, кој се состои од изговор на првата буква од името. Од друга страна, Хари својата сопруга ја нарекувал Мег. Но таа има и прекар што го добила од свекорот Чарлс, „Волфрам“, бидејќи според него таа е иста како овој вид метал „цврста и флексибилна“, а воедно и поради силата и стабилноста што му ги донесла на неговиот син.

Прекарите на принцот Чарлс и на Камила Паркер-Боулс

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP /

Серијата „Круна“ откри малку нетипични прекари што принцот Чарлс и Камила си ги дале на почетокот од врската – Гледис и Фред. Нив ги користеле во тек на тајните преписки, а ги овековечиле со изгравирана белегзија со иницијалите „ГФ“, која Чарлс ѝ ја поклонил на Камила откако се оженил со Дијана. Принцот Чарлс има прекар добиен од внукот, принцот Џорџ – „дедото од Велс“.

Прекарите на Арчи Монтбатен Виндзор

Profimedia
Фото: Profimedia

Во видеоповикот по повод прославата на годишнината од рагби лигата, во кој принцот Хари учествуваше минатата година, го прашаа како му се допаѓа животот во Калифорнија, а тој тогаш го нарече сина си „малото момче“. Додека Меган го нарекува скратено Арч. Двојката исто така својата фондација ја нарече „Арчивел“, по името на своето прво дете. Покрај тоа, Хари и Меган првородениот син често го нарекуваат нагалено Буба.

Прекарите на принцезата Шарлот

Profimedia
Фото: Profimedia

Во видео од 2019 година, децата на Кејт и принцот Вилијам се во посета на изложба на цвеќиња во Челси, и во еден миг тој ја нарекува ќерка му „Мињонет“, што потекнува од францускиот збор мињон (слатка). Принцезата Шарлот има и прекар од мајка ѝ, која ја нарекува Лоти, а го откри во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот