Фото: Слободен печат

Како Македонец стана еден од најдобрите наставници во светот и кој има право да го купи Гренланд? Утре во „Слободен печат“

Еден од најдобрите 50 наставници во светот е од Македонија. Тоа е Иле Михајловски, одделенски наставник од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Свети Николе. Михајловски ја добива престижната награда како резултат на неговата голема заслуга и труд во тридецениското работење. Посветен и вреден во своите задачи, но во исто време и двигател за клучни општествени промени за подобри услови на децата со попреченост уште во 90-те кога инклузивноста беше непознат поим. Дознајте повеќе за оваа убава и успешна животна приказна низ разговорот со учителот во утринска програма „Слободен печат“.

Како новата американска администрација предводена од претседателот Доналд Трамп ќе влијае на Велика Британија? Што разговарале Кир Стармер и Трамп во долгиот телефонски разговор? Кој има право да го купи Гренланд? Зошто американските туристи добиваат дополнителни услови за посета на Британија? Жанета Скерлев ги разјаснува овие прашања.

Ина Михајлова е сопственик на онлајн „секнд хенд“ продавница. Таа е дипломиран дизајнер со богато искуство. Работи на големи проекти и детски работилници. Откако целиот живот ја опседнувала уметноста и патувањата, Ина се решила да ги прошири нејзините интереси и да се посвети на нешто што е и корисно и еколошки одговорно – „секнд хенд“ облеката.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот