Фото: Профимедиа

Како гибаницата да биде повоздушеста? Не ви требаат посебни состојки, само направете го ова

Познатата македонска пита, гибаница, е меѓу најпопуларните јадења. Секоја домаќинка има свој рецепт и секој се разликува во ситни детали.

Основни состојки за секоја гибаница се кори, сирење, павлака, јајца, масло… Кората се потопува во смесата и се реди тепсијата за печење. Но, сега ви откриваме трик кој ќе направи гибаницата да ви успее уште при првиот обид и да биде воздушеста.

За да ја направите најдобрата гибаница досега, не треба да додавате никакви необични состојки, само треба да ги исечете корите на ленти и да ги вметнете во смесата. Потоа готовата гибаница превртете ја да се излади наопаку, така што ќе остане воздушеста под силата на гравитацијата. Ставете ја во фрижидер околу 20 минути.

И тоа е сè што е потребно за да се направи една од највкусните пити досега.

Исто така, можете и корите да ги оставите цели, па да ги потопите во смесата, а потоа да ги наредите во тепсијата. Кората не ја ставајте на дното, туку веднаш наредете ги стутканите кори, бидејќи поединечните парчиња сирење убаво ќе се испечат и ќе ѝ дадат дополнителен вкус и арома на кората.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот