Како да се зголеми информираноста на потрошувачите за телекомуникациските услуги

Работна средба за зголемување на нивото на информираноста на потрошувачите за телекомуникациските услуги преку анализа на состојба на прописите за телекомуникациски услуги во земјава и постапка за решавање на спорови настанати во оваа област, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

Работната средба, како што велат организаторите, е дел од активностите предвидени во владината Програма за заштита на потрошувачите за 2022 година.

На работната средба Маријана Лончар Велкова од ОПМ ќе говори за јавните услуги и потрошувачките приговор согледани преку Законот за заштита на потрошувачите, а Рената Аиновска Талевска од Агенција за електронски комуникации ќе се осврне на постапката за решавање потрошувачки спор и едукација на потрошувачите преку промотивна кампања согледани преку Законот за електронски комуникации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот