
Како да се избере вистинска професија во ера на вештачката интелигенција?
Масовните отпуштања поради развојот на вештачката интелигенција (ВИ) создаваат страв кај луѓето дека нивните работни места ќе станат излишни. Како да се избере вистинската кариера во ерата на вештачката интелигенција?
Препорачано
Додека многумина стравуваат дека ќе бидат заменети, двајца истражувачи од МИТ Слоун нудат нова перспектива. Наместо да се фокусираат на тоа што ВИ ќе може да прави, Изабела Лоаиза и Роберт Ригобон се фокусираа на човечките способности што ВИ не ги поседува. Нивната работа воведува нов параметар за проценка на иднината на работните места, наречен EPOCH индекс. Секоја буква во акронимот одговара на збир на човечки особини што вештачката интелигенција сè уште не ги поседува.
Е означува емпатија, особина што може да се симулира од ВИ, но е по природа човечка. P означува присуство, односно потреба да се биде физички присутен за да се извршат задачи. О е зборот „мислење“, кој ги опфаќа моралните и етичките прашања со кои се соочуваат луѓето. C одговара на креативноста. Иако вештачката интелигенција може да помогне во генерирањето идеи, нејзината креативност се нарекува „псевдокреативност“ бидејќи нема емоционална длабочина. H симболизира надеж, а оваа категорија ги спојува надежта, визијата и лидерството неопходни за многу менаџерски работни места. Новинарката Сали Хелм истакнува дека листата ја изненадила.
– Близу врвот на листата, го имаме, на пример, директорот за управување со вонредни состојби. Ова се луѓето кои се подготвуваат за катастрофи, а потоа доаѓаат по катастрофите за да помогнат во справувањето со последиците. Работата бара многу проценка, многу емпатија, многу присуство. Всушност, менаџерите од сите типови постигнаа високи резултати на индексот EPOCH – вели Хелмова- пренесува Каматица.
Резултатите од истражувањето покажуваат позитивна статистичка корелација помеѓу индексот EPOCH и растот на вработеноста во периодот од 2016 до 2023 година. Иако не постои конкретен список на „безбедни“ работни места, утехата што ја дава оваа студија е дека човечките фактори не можат да се заменат.
Можеби ако прифатиме дека е невозможно да се реплицира длабочината на светот на идеи на поединецот, полесно ќе ги прифатиме технолошките промени.