Фото: Instagram

Како да излетала од епизода на Том и Џери: Најсочната велигденска печена шунка

Печената шунка сме ја гледале како главна „ѕвезда“ во многу филмови и епизоди од Том и Џери и е посебно јадење кое обично се подготвува само на Божиќ и Велигден. Оваа тропска верзија потекнува од Јамајка, која ја усвоила традицијата благодарение на нејзините британски колонизатори.

Потребни состојки:

– 2 кг готова шунка за сервирање
– неколку цели каранфилчиња

За сосот за подмачкување:

– 250 мл сос од брусница или џем од јагоди или малини
– 60 мл сок од портокал
– 60 мл сок од ананас
– 1 лажица сок од лимон
– 100 гр кафеав шеќер (ако користите сос од брусница)
– 1 кафена лажичка сенф

Метод:

Извадете ја обвивката. Во маснотијата на шунката направете посекотини во дијамантска шема и шпикувајте со каранфилче. Печете ја шунката во рерна на 165 степени целзиусови, 2 часа или додека термометарот за месо не регистрира 55 степени целзиусови.

Во тенџере, измешајте сос или џем од брусница, сок од портокал, сок од лимон (кафеав шеќер ако користите сос од брусница) и сенф. Варете ја глазурата непокриена 5 минути за да се згусне.

Во последните 30 минути од печењето на шунката, на секои 10 минути се потура и подмачкува месото со глазурата. Преостанат сос може да се сервира на страна со прилог од компир.

ВИДЕО | Бојадисајте ги јајцата со помош на ориз: Брза, лесна и прекрасна техника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!