X@OlimpiaMI1936

Каде ќе продолжи македонскиот репрезентативец? УНИКС, ЦСКА, Партизан, Хапоел се поврзуваат со Димитријевиќ

Неколку познати клубови се заинтересирани и во контакт со нашиот моментно најдобар кошаркар откако е објавено дека тој најверојатно ќе си оди од Олимпија Милано. Ќе биде поизвесно наскоро каде тој ќе продолжи, а не е исклучена варијантата да остане во Милано

Многу е веројатно заминувањето на македонскиот репрезентативец и наш најдобар кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ (27, 190) од Олимпија Милано каде не се наигра минатата сезона. Иако има уште една сезона од договорот, Нено најверојатно ќе си оди затоа што од минатата сезона не се задоволни ни тој, ни клубот.

Името на одличниот плејмејкер се појавува во повеќе европски медиуми, а клубови кои најчесто се споменуваат се УНИКС Казан, ЦСКА Москва, Паризан Белград и Хапоел Тел Авив. Дали Нено ќе игра во еден од овие клубови, дали можеби ќе остане во Олимпија (што не е веројатно), или ќе има некоја друга опција? Тоа ќе се дознае наскоро.

УНИКС Казан е дефинитивно заинтересиран да го врати Димтиријевиќ каде што тој играше пред да замине за Олимпија и му го донесе меѓу другото и трофејот во ВТБ Лигата, единствен во историјата на овој познат клуб. Велимир Перасовиќ, тренерот на УНИКС, сигурно би сакал да го види Нено повторни во својот тим. УНИКС минатата сезона не успеа да влезе во финалето на плејофот во ВТБ лигата, која важи и за официјално руско првенство.

Но, пречка за ваков трансфер би бил фактот што УНИКС не може да го плати нашиот репрезентативец колку што тој добива во Милано, а Олимпија сепак би барала и откупни обесштетување за да го пушти во Казан.

ЦСКА е подготвена да понуди договор

ЦСКА Москва, исто така се јавува како интересент за купување на Ненад. Најпознатиот руски кошаркарски бренд и актуелен шампион во ВТБ лигата има контакт за трансфер со Ненад. Според италјанскиот инсајдер Андреа Калцоне, ЦСКА е подготевана да му понуди на Димитријевиќ дввегодишен договор.

EPA-EFE/Jarek Praszkiewicz

Нашот кошаркар има одлични спомени од Русија, каде меѓу другото беше шампион и МВП на сезонава во ВТБ лигата. ЦСКА е голем клуб и Ненад сигурно би се вклопил одчично бидејќи ја познава средината. Тешкотија би бима тоа што ЦСКА моментно не игра во европските натпреварувања што за младиот амбициозен кошаркар е проблем.

Партизан е малку веројатна варијанта

Белградски Партизан е заинтересиран за Ненад, објавија повеќе српски медиуми. Дмитријевиќ е навивач на Партизан, несомнено е дека има огромна желба да игра во црно-белиот дрес, предводен од Жељко Обрадовиќ. И навивачите на евролигашот го сакаат. Но, последните информации од српските медиуми навестуваат дека сепак таков трансфер е малку веројатен.

Хапоел Тел Авив исто така заинтересиран за Ненад, тоа е финансиски силен клуб и евролигаш. Но, безбедносната ситуација во тој регион не е најдобра што ги можело да биде фактор за одбивање за Димитријевиќ.
Не е неможна и варијантата тој да остане во Милано, иако е поверојатно дека клубот ќе посака да земе откупна отштета и да го пушти да си оди во друг клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот