Кацарска: Нема недела да помине, а да не добијам закани

Добрила Кацарска Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Добрила Кацарска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска на која и завршува мандатот на 2 јуни вели дека нема недела да помине, а да не добие закана по својот живот.

-Oва се закани кои што ги пријавив, но јас трпам закани неколку години наназад. Нема недела да помине, а да не добијам закана. Бев и физички нападната, но никогаш не пријавував бидејќи сметав дека се работи за физички случаи. Не сакав да ја оптоварувам јавноста, ниту органите на прогон, но со оглед дека зачестија, затоа се решив да пријавам. Не знам дали би продолжиле заканите, рече Кацарска одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Кацарска пред околу две недели пријави во полиција дека пред нејзината гаража пронашла нож и импровизиран кревет.

Кацарска беше избрана за уставна судијка во 2020 година, а од 2021 е претседателка на Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот