
Кабинетот на Гаши ја прими оставката на Татјана Димитровска
Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.
Препорачано
Истовремено, ве информираме дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани, се наведува во соопштението од Собранието.
Во оставката Татјана Димитровска се повикала на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување корупција и судир на интереси и немало ништо повеќе. Во овој член од Законот се опишува дека престанок на функцијата и разрешување на претседателот или членовите на ДКСК се случува во случај на поднесување оставка.
Освен за одавање службена тајна, Димитровска е обвинета и за „компјутерски фалсификат“, односно дека државниот ревизор М.С. ѝ го положил испитот после кој добила сертификат со највисок степен на класификација „државна тајна“. Засега и таа и ревизорот ги дале своите безбедносни сертификати во институциите и не можат да ги користат.
Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за „Слободен печат“ велат дека се прават дополнителни безбедносни проверки за утврдување на безбедносен ризик за Димитровска и за ревизорот, а после завршување на проверките, Дирекцијата ќе донесе одлука за евентуално одземање на безбедносниот сертификат и пред истекот на неговото важење.