фото: kfsm.mk

Јуниорките убедливо поразени од Романија на Европското првенство Дивизија Б

Пораз на женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија на отворањето на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во литванскиот Алитус. Бевме убедливо совладани од селекцијата на Романија со 87:45.

Инаку одлично го отворија премиерниот меч нашите млади кошаркарки. По петтиот поен на Начевска, Македонија имаше 10 поени предност (16:6). Но, за нешто повеќе од две минути до крајот на првиот период, Романките направија серија од седум поени, и намалија на 16:13..

Го чувавме водството до 13 минута, кога противникот дојде до нерешени 20:20. Имавме проблеми со реализацијата во таа втора четвртина во која Романија направи пресврт. Во 17 минута противничките водеа со 30:23, а само индивидуалните квалитети на Колева и А.Начевска, нè оставија на 34:27, за полувремето да го дочекаме со двоцифрен минус (37:27).

Романија во второто полувреме стекна уште поголема позитива (53:36) во 28 минута од мечот. А до истекот на третата четвртина на семафорот стоеше и огромни „плус 26“ (62:36).

Ања Начевска во нашата репрезентација запиша 11 поени и 13 скокови. Колева застана на девет поени, а Николиќ постигна шест.

Во второто коло, кое е на распоредот утре, од 17.00 часот, нашиот женски јуниорски состав ќе игра против Германија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ – ПРВО КОЛО

Романија – МАКЕДОНИЈА 87:45
14.30 часот Германија – Шведска
Ирска – слободна

ДВОЈКИ – ВТОРО КОЛО

5 ЈУЛИ (ПЕТОК)

14.30 часот: Ирска – Романија
17.00 часот: МАКЕДОНИЈА – Германија
Шведска – слободна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот