Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Јуниорите загубија со 75 коша разлика во првиот меч на Европското првенство Дивизија А
Денеска во првото коло од групата Ц на Европското првенство Дивизија А во Белград, Србија, македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација загуби доста убедливо со 137:62 против Литванија.
Препорачано
Ривалите веќе во првата четвртина доминираа и по првите 10 минути стекнаа двоцифрена предност (33:15).
Во исто темпо се движеа настаните и во втората четвртина, во која тимот од Балтикот изгради уште поголема предност (59:30), недостижна за нашите јуниори. На средина од третата четвртина, Литванија имаше ушпте поголем плус (82:39).
До крајот прашање беше само со колкава разлика Литванија ќе дојде до првата победа на континенталниот собир.
За нашата селекција најефикасен беше Никола Јаничиќ со 21 поен и шест скока, додека Филип Сребров имаше осум поени.
На спротивната страна по 18 поени реализираа Адомас Поциус (шест скокови) и Габриелиус Бубнис.
Првото коло во нашата група ќе се комплетира со вториот меч меѓу Грција и Србија.
Вториот дуел на ЕП избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе го имаат в недела од 13.30 часот против грчката селекција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5