
Јуниорите претрпеа нов пораз на Европското првенство од Дивизијата „А“
Денеска македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација за пласман од деветтата до 16 позиција загуби од Израел со 85:73 на Европското првенство Дивизија „А“ за играчи „Под 18“ години во Белград, Србија.
Препорачано
Првата четвртина беше решавачка во која израелските репрезентативци ја добија со 26:16.
Во понатамошниот период во следните три четвртини резултатски беше рамноправно паркетот (23:22, 22:22, 14:13), но предноста што ја стекнаа Израелците во првите 10 минути од натпреварот се покажа како клучна за крајниот исход.
Во македонската репрезентација Дамјан Данев запиша 23 поени (осум скокови), следен од Никола Јаничиќ со 16 поени (осум скокови, пет асистенции), додека Григориј Ѓорѓевиќ имаше 15 поени и шест скокови.
На спротивната страна доминираше Габриел Артменко со „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 16 скокови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5