twitter.com/ManUtdInPidgin

Јунајтед си купи нов играч за 20 милиони евра

Младиот Џејмс успешно ги поминал лекарските прегледи, останува само велшкото крило да го потпише договорот на две години со „црвените ѓаволи“.

Тоа се очекува да го направи наредната недела, кога и ќе биде отворен преодниот рок на меѓународно ниво, стои на сајтот на Јунајтед.

Тогаш воедно се очекуваат и повеќе детали за трансферот, но се претпоставува дека истиот вреди околу 20 милиони евра.

Својата младинска кариера Велшанецот ја започна во Хал, во 2014 година се пресели во Свонси, а за првиот тим на „лебедите“ дебитираше две години подоцна.

Во Чемпионшип минатата сезона одигра 38 натпревари и реализираше пет голови. Прв потег на Солскјер кој покажал интерес и за членот на Вест Хем, Рајс, и Шон Лонгстаф од Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот