ЈП Водовод и канализација/ Фото: МИА

ЈП „Водовод и канализација” – Скопјe: Отворена можност за производство на еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи

Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, Јавното претпријатие „Водовод и канализација”Скопје, ја отвора можноста за производство на еко-енергија преку фотоволтаици.

За оваа цел, како што појаснија од „Водовод и канализација” – Скопје, бил направен првиот чекор, измена на статутот на претпријатието, со кој се дава можност за вакви активности и инвестиции.

– Измената беше едногласно усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Со ваквата одлука се отвора административна можност за инвестиции во полето на производство на еко енергија, наведуваат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот