фото: kfsm.mk

Јончевски: Мечот во Скопје против Литванија ќе биде показател дали сме подготвени за ЕП

Веројатно двата најважни натпревари во квалификациите за Евробаскетот 2025 се пред најдобрите македонски кошаркари во овој ноември. Оние против топ фаворитот во нашата квалификациска група, селекцијата на Литванија.

Во рок од неколку дена двете селекции кои добро се познаваат долги години, Литванците посебно го паметат оној пораз на нивни терен во Вилнус во 2011 година.

Но тоа е едно убаво далечно минато, реалноста вели дека веќе во четврток навечер, од 18.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје, Македонија ќе се обиде да изненади уште еднаш, да биде подобра од репрезентација која јасно е, секогаш е во оној европски, па и светски врв на кошарката.

Три дена подоцна, во Клаипеда, следува своевидниот реванш, макар што на денешниот прв собир, селекторот на нашиот национален тим Александар Јончевски потврди дека е фокусиран само на оној првиот, во Скопје.

– Ова се најважните два натпревари во овој квалификациски циклус. Ситуацијата е таква што мораме да победиме на барем еден меч за да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство. Литванија е фаворит, јасно е дека се работи за една од највалитетните европски репрезентации. Верувам дека мечот во Скопје ќе биде показател дали сме подготвени за Европското првенство – коментира селекторот Јончевски на почетокот на овие мини-подготовки.

Извесно е дека и во овој квалификациски ФИБА „прозорец“ предводникот на нашата репрезентација не може да смета на еден комплетен ростер, со кој евентуално ќе бевме уште поконкуретни против европски велесили каква што несомнено е Литванија.

– Во моментов не можеме да се пофалиме со настапите на нашите репрезентативци, а во Скопје нема да играат Хап, Шортс и Димитријевиќ. Располагаме со кошаркари кои настапуваат во домашното првенство и во регионалната АБА 2, но и таму не забележаа поголем успех оваа сезона. Ќе се обидеме да ги изненадиме Литванците на тактички план и верувам дека ќе успееме на овие два меча да забележиме барем една победа. Притисокот е на страната на Литванците бидејќи и тие непланирано загубија еден натпревар, од Естонија. Поради тоа, картите им се отворени и ќе одат со сите сили да победат на двата меча против нас, затоа што не се сеќавам дека Литванија не била присутна на некое од последните Европски првенства – дополни Јончевски пред новинарите во СРЦ „Кале“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!